top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

По традиција:Бигорскиот манастир ги објави 10-те најзначајни настани во 2021 година

18.01.2022 Januari Vtornik

Познатото македонско дрвено светилиште „Свети Јован Крстител“ попознат како Бигорски манастир, традиционално ги објави десетте најзначајни настани во 2021 година.

Првиот е монашката посета кај Вселенскиот патријарх Вартоломеј, во Фанар седиштето на Вселенската Патријаршија на епископ г. Антаниски, игумен на бигорската Обител и монашко братство и сестринствата, од четирите манастири Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино, кои се под негово духовно раководство.

– 16 ДЕКЕМВРИ 2021 ЛЕТО ГОСПОДОВО. ОВА Е ДЕНОТ ШТО ГО СОТВОРИ ГОСПОД ЗА ДА СЕ ЗАРАДУВАМЕ И ДА СЕ РАЗВЕСЕЛИМЕ ВО НЕГО. ПС. 117,24). (СРЕДБАТА ВО ФАНАР БЕШЕ ВИСТИНСКИ ДУХОВЕН ПРАЗНИК, ИСПОЛНЕТ СО РАДОСТА НА ВОСКРЕСЕНИЕТО. ПОСЕТАТА НА ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА ЈА ИСПОЛЗУВАВМЕ И ЗА ПОКЛОНЕНИЕ НА ГОЛЕМИТЕ СВЕТИЊИ ВО ЦАРИГРАД. СИ ЗАМИНАВМЕ ОД ЦАРИЦАТА НА ГРАДОВИТЕ ИСПОЛНЕТИ СО ГОЛЕМА БЛАГОДАТ И УВЕРЕНИЕ ВО ТАТКОВСКАТА ЗАКРИЛА НА СЕСВЕТИОТ ПАТРИЈАРХ Г. Г. ВАРТОЛОМЕЈ, ВЕЛИ СЕСТРА ЕФИМИЈА.

Значаен настан е настапот на Бигорскиот хор во Атина на трети декември, што се оствари по покана на Министерството за култура и спорт на Република Грција и на здружението на псалти од Атика „Св. Роман Слаткопевец и Јован Дамаскин“.

-СО БЛАГОСЛОВ НА АРХИЕПИСКОПОТ АТИНСКИ И НА ЦЕЛА ГРЦИЈА, Г. ЈЕРОНИМ, ХОРОТ НА БРАТСТВОТО НА СВЕШТЕНАТА БИГОРСКА ОБИТЕЛ НАСТАПИ НА ПРВИОТ МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА ВИЗАНТИСКА МУЗИКА ВО АТИНА. ОВА Е ЗА ПРВПАТ ХОР ОД НАШАТА ЦРКВА ДА НАСТАПУВА НА НАСТАН ОД ВАКОВ ВИД ВО ГРЦИЈА, ТАКА ШТО САМОТО ТОА ПРЕТСТАВУВА ГОЛЕМ ИСЧЕКОР ВО ЗБЛИЖУВАЊЕТО НА ДВАТА ПРАВОСЛАВНИ БРАТСКИ НАРОДИ, ДОДАВА ТАА.

Вечерна во храмот Живоносен Источник во Атина

Во рамки на Првиот меѓународен фестивал за византиско пеење во Атина, на 4 декември хорот на Свештената Бигорска Обител учествуваше на празничната и воскресенска вечерна богослужба во прекрасниот храм на Мајката Божја, посветен нa нејзиниот Живоносен Источник. Браќата пееја на црковнословенски јазик на левата храмова певница, антифоно со грчката десна певница, предводена од многу познатиот протопсалт и учител г. Спирос Павлакис.

Друг настан се големите достоинства за Бигорски на празникот Иванден, втората слава на манастирот, кога на торжеството по повод неговото Рождество, вели сестра Ефимија, нашиот славен патрон ја закити својата илјадагодишна Обител со уште две големи достоинства.

– НА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА, НА 7 ЈУЛИ, ЧИНОНАЧАЛСТВУВАНА ОД НАШИОТ НАДЛЕЖЕН ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ МИТРОПОЛИТ Г. ТИМОТЕЈ, ВО СОСЛУЖЕНИЕ СО МИТРОПОЛИТОТ ТЕТОВСКО-ГОСТИВАРСКИ Г. ЈОСИФ, СО НАШИОТ ИГУМЕН, ЕПИСКОПОТ АНТАНИСКИ Г. ПАРТЕНИЈ, СО ИГУМЕНОТ НА БЕРОВСКИОТ МАНАСТИР Г. ФОТИЈ И СО БРОЈНО ДУХОВЕНСТВО ОД НАШАТА, НО И ОД ДРУГИ ЕПАРХИИ, СО ПОЧЕСНО АРХИМАНДРИТСКО ДОСТОИНСТВО БЕШЕ УДОСТОЕН МАНАСТИРСКИОТ ЕКОНОМ И ВЕРНИОТ СОПОДВИЖНИК НА НАШИОТ СТАРЕЦ УШТЕ ОД ПОЧЕТОКОТ, ЈЕРОМОНАХОТ ДОСИТЕЈ, А НАШИОТ СОБРАТ АНАТОЛИЈ, ДУХОВНО РОДЕН И СО ГОЛЕМА ЉУБОВ ИЗРАСНАТ ОД СТАРЕЦОТ, БЕШЕ РАКОПОЛОЖЕН ВО ВОЗВИШЕНИОТ СВЕШТЕНИЧКИ ЧИН, СТАНУВАЈЌИ ЈЕРОМОНАХ НА НАШАТА СВЕТА ОБИТЕЛ, ДОДАВА СЕСТРАТА.

По трагите на Светите Кирил и Методиј

По повод споменот на нашите првоучители и гродоначалници, сесловенските Просветители, Светите солунски Браќа Кирил и Методиј, на 20 мај во Скопје, во Културно-информативниот центар се одржа пригоден културно-научен настан со отворање на изложба и промоција на книга, насловен како „По трагите на Светите Кирил и Методиј“. Настанот беше организиран и помогнат од македонската и словачката влада, претставена кај нас од амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш. На покана на главните организатори, словачкиот амбасадор Маркуш и господин Стојан Лекоски, а со благослов на нашиот старец и игумен, неговото преосвештенство г. Партениј, на настанот посебен украс му даде настапот на хорот на Бигорскиот Манастир, кој изведе неколку црковни песнопенија.

Според сестра Ефимија одбележувањето на патронот на манастирот, пак, 11 септември, денот на отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован, беше збогатено со промоција на книгата „Иконата на Бистра: Закрилник на Православието“ на новинарот Киро Кипроски, која претставува своевиден летопис за поновата историја на Бигорскиот Манастир.

-ВСУШНОСТ, СТАНУВА ЗБОР ЗА КНИГА, СВОЕВИДЕН ЛЕТОПИС ЗА ПОНОВАТА ИСТОРИЈА НА БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ИМЕНО, ЗА ВРЕМЕТО ВО КОЕ ДЕЈСТВУВА ВОЗОБНОВЕНОТО МОНАШТВО ВО НЕГО, ПОЧНУВАЈЌИ ОД 1995 ГОДИНА, СО ДОАЃАЊЕТО НА СЕГАШНИОТ ИГУМЕН, ЕПИСКОПОТ Г. ПАРТЕНИЈ. ПРОФЕСИОНАЛНИОТ И ОВЕНЧАН СО ГОЛЕМО ИСКУСТВО, НОВИНАР КИРО КИПРОСКИ, СО СВОЕТО ЛЕТОПИСНО ПЕРО, ТРПЕЛИВО И ИСТРАЈНО ГИ БЕЛЕЖЕЛ СИТЕ ПОЗНАЧАЈНИ НАСТАНИ ВО БИГОРСКИ И СЛУЧУВАЊА ПОВРЗАНИ СО НЕГО И ИСТИТЕ ГИ ОБЈАВУВАЛ ПО РАЗНИ ПИШАНИ И ГОВОРНИ МЕДИУМИ. ТАКА, ТОЈ СОЗДАЛ ЕДЕН ИСКЛУЧИТЕЛНО БОГАТ ФОНД СО НАД 200 НАПИСИ ЗА БИГОРСКИ ВО ИЗМИНАТИВЕ ТУКУРЕЧИ ТРИ ДЕЦЕНИИ. СЕГА, СИТЕ ТИЕ СОБРАНИ ВО ЕДЕН ЗБОРНИК, ПРЕТСТАВУВААТ ЗНАЧАЈНО НОВИНАРСКО, ИСТОРИОГРАФСКО, ЕТНОГРАФСКО И ЦРКОВНО ДЕЛО – ПИСМЕНО БОГАТСТВО НЕ САМО ЗА БИГОРСКАТА ОБИТЕЛ, ТУКУ И ЗА СЕТО НАШЕ ОПШТЕСТВО, ДООБЈАСНУВА ТАА.

Прославен големиот јубилеј 40 години архијерејска служба и 70 години од раѓањето Неговото Високопреосвештенство митрополитот плаошко-струшки и дебарско-кичевски и администратор австралиско-сиднејски г. Тимотеј. Овој јубилеј само официјално го потврди она што ние многу години наназад секојдневно го препознаваме и го посведочуваме во ликот на нашиот духовен водач митрополитот Тимотеј, а тоа е неговото неуморно духовно и материјално надградување на нашата света црква, епископската мудрост, несебичната пожртвуваност, љубов, трпение кон сите нас и, секако, тој жив апостолски залог.

Пасхална радост на Струшката еордија е уште еден значаен настан во 2021 лето Господово, што 11 години се одржува на 8 мај

-СТРУШКАТА ЕОРДИЈА ГИ ВОСХИТИ ПОБОЖНИТЕ СТРУЖАНИ, КОИ ОДДАВАЈЌИ ИМ ПОЧИТ НА ГОЛЕМИТЕ СВЕТИЊИ – МОШТИТЕ НА СВЕТИОТ ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ, НЕГОВАТА ЧУДОТВОРНА ИКОНА, КАКО И КРНИНСКИОТ ОБРАЗ НА МАЈКАТА БОЖЈА, СТОЕЈА НА ТРОТОАРИТЕ И ПОКЛОНУВАЈЌИ ИМ СЕ СО БЛАГОГОВЕЈНОСТ, ГИ ИСПОЛНУВАА СВОИТЕ СРЦА СО ОБИЛЕН БЛАГОСЛОВ. СТРУШКА ЕОРДИЈА Е БЛАГОВЕСНИЧКА НА РАДОСТ И НАСЕКАДЕ НИЗ НАШАТА ЗЕМЈА ГО ИСПРАЌА, ВО ВИД НА ЗРАЦИ, БЛАГОСЛОВОТ НА СВ. ГЕОРГИЈ И НА ВЕРНИЦИТЕ ИМ ГО ДАВА ОДНОВО БЛЕСОКОТ НА ПАСХАЛНАТА РАДОСТ, РЕЧЕ СЕСТРА ЕФИМИЈА.

Одново заблеска и со благодат нè озари божествената литургија на Голем Крчин

Oнаму каде што земјата и небото се допираат, каде чекорејќи ги пречекуваш првите сончеви зраци што душата ти ја милуваат, каде тивкиот ветер чиниш ти шепоти таинствени нешта и ретките растенија во различни бои мислата ти ја разигруваат, каде сетилата ти ги храни утринската песна што птиците ја пеат и целото твое битие бива разбудено од говорот на тишината, каде умилната молитва тече и срцето ти го загрева, таму горе на македонскиот Тавор, на врвот Голем Крчин (2341 мнв), некогаш одамна нашите неуморни предци подигнале храм, посветувајќи го на Преображението Христово, вели сестрата. Посочува дека по Божја милост и со благослов на саканиот ни Старец и владика Партениј, на овој прекрасен планински врв кој се извишува спроти Бигорскиот манастир, дел од монашкото братство и сестринство отслужија Божествена Литургија заблагодарувајќи му се на предобриот Бог што и оваа година нè удостои да го прославиме Неговото славно Преображение, просејќи благослов за сите луѓе.

Воскресение Христово – Света Пасха во Бигорски

Секое човечко срце нека се радува и торжествува за големиот Ден на Христовата Пасха, за победата на животот над смртта! Адот е сотрен, смртта е победена, вечните врати се пробиени и ширум отворени! Колкава светлина и благодат ни блесна од гробот на Христа, вечната светлина и веселие! Бигорската Обител облеана со воскресенската светлина и благодат, радосно го воспева Христовото сеславно и сесветло Воскресение, излевајќи ни нови животни сили.











3 views

Comments


bottom of page