По спорот со „Дизни“, Скарлет Јохансон во нов таен проект на „Марвел“
Скарлет Јохансон се враќа во филмскиот универзум на „Марвел“, но не како црната вдовица Наташа Романоф. 36-годишната актерка беше почестена со наградата на американската кинотека (American Cinematheque Award), а меѓу присутните да ѝ оддадат почит беше и претседателот на „Марвел студиос“, Кевин Фиџ. Фиџ ја пофали Јохансон за нејзиниот талент, визија, интелигенција и такт како актерка и продуцент. Тој исто така навести дека е во подготовка „строго таен проект на студиото ‘Марвел’“ со добитникот на наградата. „Скарлет повеќе од една деценија го дава својот талент и ѕвездена моќ на филмскиот универзум на ‘Марвел’. Јас сум исклучително благодарен што таа избра да глуми клучна улога во него толку години“, рече Фиџ. „Работата со неа навистина беше една од највпечатливите и најнаградувани соработки во мојата кариера“. Јохансон, која е извршен продуцент на блокбастерот Black Widow („Црна вдовица“), исто така е прв Марвелов актер што продуцира филм од „Марвел студиос“.
Comentários