По седум месеци: Миланска Скала повторно ги отвори вратите за јавноста
- Aleksandar Santovski
- May 11, 2021
- 1 min read
Миланска Скала по цели седум месеци повторно ги отвори вратите за ограничен број гледачи, откако беше затворена поради пандемијата на корона вирусот.
Членовите на оркестарот под заштитни маски и хорот изведуваа арии од оперите на Џузепе Верди, Ричард Вагнер и други познати композитори пред околу 500 гледачи кои го гледаа концертот од ложата, додека приземјето остана празно.
Концертот го одбележа дебито на норвешката сопранистка Лиза Давидсони, и заврши со петминутно овации и бис на аријата „Хорот на Евреите“ од операта “Набуко“ на Верди.
“Ова е симбол на нов почеток не само за Скала, туку и за цела Италија“ – изјави уметничкиот директор на операта во Милано, Доминик Мејер, пренесува Ројтерс.
Концертот ја одбележа и 75-годишнината од повторното отворање на Скала по бомбардирањето за време на Втората светска војна.

Comments