По седум години од орото “Копачка“ во УНЕСКО: Соба на Димитар Узунски, културно наследство на Пијане
На седумгодишнината од влегувањето на орото „Копачка“ на репрезентативната листа на нематеријални културни наследства на УНЕСКО, Фолклорната група „Копачка“ од село Драмче, Делчево се подготвува за одбележувањето на овој значаен датум.
Предвидени се низа активности, а една од нив е и отварањето на собата на Димитар Узунски, еден од најамбициозните учители и вљубеници во пијанечкиот фолклор кој прерасна во реализиран народен уметник.
“Годинава одбележувањето е во знакот на проектот „Соба на Димитар Узунски, за културното наследство на Пијанец“. Се работи за проект субвенциониран од страна на Министерството за култура, поддржан од Општина Делчево, во делот на туристичките знаци“, истакнува Перса Стојановска, секретар на здружението.
Промоцијата, е закажана за 27. ноември на денот на 7-годишнината на орото Копачката во УНЕСКО. Настанот по традиција се одржува во село Драмче каде почна приказната за “Копачка“. Со оглед на периодот на пандемијата дополнително ќе биде објавена програмата. Фолклорната група „Копачка“ е активен учесник на повеќе реномирани манифестации од кои најголем дел се настапи на домашни манифестации.
コメント