top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

По седми пат адреналински летен фестивал во Крушево

Во Крушево по седми пат, од 30 јуни до 2 јули ќе се одржи фестивалот „Вен ин Крушево“, кој обединува музика, спорт и култура. Целта на фестивалот е промовирање на крушевските убавини преку поттикнување на адреналинот и желбата за слободно дружење, каде што живописната култура на градот го зазема главното место за гостопримство и чувство на топлина.

Настанот започнува 24-ти јуни во приквечерните часови со пријавување и подигање на пакет со маичка и производи од спонзорите. Официјалното отварање започнува истиот ден со забава на отворено од страна на диџеј Бапчу, додека наредните денови музичката програма на отворено ќе ја надополнат „Фанк Шуи“, Шорти Пи, диџеј Бапчу, Естефано, Тотсили. Детално програмата може да се погледне на веб страната www.wheninkrusevo.com.mk.

-Имаќи во предвид дека Крушево го има еден од најдобрите светски параглајдинг терени и е топ светска дестинација за овој вид на спортски туризам, во нашиот фестивал го вклучивме најадреналински спорт тандем параглајдинг од Мечкин Камен. Меѓу другите адреналински спортови кои ќе се одржат се искачување на вештачка карпа, јавање на коњи, кајак и СУП. За љубителите на планинскиот велосипедизам имаме тура од 20 километри и планинска велосипедска трка, додека за истражувачите на планинските убавини планинарска тура од 10 километри. Оваа година за обожавателите на трките во склоп на фестивалот воедно ќе се одржи улична трка од 5 километри, како и треил трка.

Бидејќи овој фестивал е од отворен карактер и вклучени се повеќе возрасни граници, мислевме и на фамилиите кои што ќе нé посетат со најмалите. За нив одвоивме денска забава, јога, детска трка и многу детски игри коишто ќе се одржат на Крушевксото езеро.

Со оглед на тоа дека заинтересираноста е голема, како и секоја година обезбедуваме камп зона на Крушевското Езеро со сите потребни услови, додека заинтересираните за приватните и хотелските капацитети може да ги погледнат нашите соработници на нашата веб страна.

Со секоја купена карта се добива попуст до 50% на спортските активности, воедно се обезбедени влезници за музејот Тоше Проески, Македониумот како и Галеријата Мартиновски.

Цената за карта за оваа тридневното авантуристичко и адреналинско држење во Крушево е 500 денари, која може да ја купите на продажната мрежа на MK Tickets.


0 views

Comments


bottom of page