Search
По принцот Чарлс, и Камила позитивна на Ковид-19
Војвотката од Корнвол Камила Паркер Боулс, е позитивна на тестот на коронавирус само неколку дена откако нејзиниот сопруг, принцот Чарлс, доби позитивен тест. Принц и Камила моментно се во самоизолација, пишува Би-би-си. „Војвотката од Корнвол е позитивна на Ковид-19 и моментно е во изолација. Таа се придржува до сите мерки“, рече портпаролот на Кларенс Хаус. Камила е вакцинирана со три дози, а сега е заразена првпат, а ова е вторпат Чарлс да е е позитивен на коронавирус. Бакингемската палата соопшти дека кралицата Елизабета досега немала никакви симптоми на болеста, но одби да потврди каков бил нејзиниот тест.
Comments