Search
По две години пауза, ќе се одржи минхенскиот „Октоберфест“
05.05.2022 Maj Cetvrtok
По двегодишна пауза поради пандемијата на коронавирусот, годинава ќе се одржи традиционалниот германски фестивал на пивото „Октоберфест“, како што изјави градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер.
Тоа значи дека култниот фестивал, познат и како „Визен“, по саемот каде што вообичаено се одржува, може да се одржи на крајот на септември.
Во 200 години долгата историја на фестивалот, подолги паузи имало само за време на војни.
Пред пандемијата, во Минхен секоја година се собираа околу шест милиони посетители, љубители на пивото и добрата забава од целиот свет. На годинашниот настан нема да има ограничувања за коронавирусот.
Comments