По 4.000 евра за замена на автомобилот со електричен велосипед
Франција
Француската влада ги зголеми субвенциите за граѓаните што ги заменуваат автомобилите на конвенционален погон со електрични велосипеди. Владата му нуди и до 4.000 евра на секој граѓанин што ќе се откаже од транспортното средство што загадува и ќе избере „почиста“, поеколошка алтернатива. За лицата што живеат во домаќинства со ниски приходи, во урбани зони со ниски емисии и што се откажуваат од своите автомобили, има субвенција од 4.000 американски долари за купување електричен велосипед. Иницијативата може да ја користат и оние што сакаат да возат традиционални, немоторизирани велосипеди. Нешто помали субвенции се достапни за француските граѓани со повисоки примања. Субвенциите првично беа воведени минатата година, но неодамна беа зголемени, откако владините претставници сфатија дека треба да се направи повеќе за да се стигне до Холандија, Германија и Данска на ова поле. Француската влада сака 9 отсто од земјата да премине на велосипеди до 2024 година, додека само 3 отсто од земјата го користат ова превозно средство сега. Тој процент во Холандија е неверојатни 27 проценти. Политиката на француските функционери се засновува на моделот на програма во Литванија, во која граѓаните имаат право на субвенција до 1.000 евра за купување нов електричен велосипед, скутер, мопед, мотоцикл или дури и за земање заем за јавен превоз во замена за старо возило. Франција не троши пари само на поединечни иницијативи, туку Владата вети дека ќе инвестира 250 милиони евра за да го направи градот Париз „целосно пријателски настроен кон велосипедистите“. Градоначалничката Ен Идалго повторно победи на изборите минатата година и вети 130 километри нови велосипедски патеки во следните пет години. Веста доаѓа неколку дена откако американскиот претседател Џо Бајден го потпиша Законот за даноци и клима, кој целосно го игнорира потенцијалот на електричните велосипеди во борбата против климатските промени. Законот вклучува милиони долари даночни олеснувања за електричните автомобили, но нема стимулации за електричните велосипеди.
Comments