По 35 години, „Бродвеј“ го завршува своето најдолгогодишно шоу
„Фантомот на операта“, најдолготрајното шоу на „Бродвеј“ во историјата, ќе го заврши своето прикажување по 35 години. Портпаролот изјави дека мјузиклот, кој е култен настан од 1988 година, ќе ја има својата последна изведба на 18 февруари 2023 година. Тоа е најголемата жртва во постпандемиските проблеми на њујоршкиот театар, а доаѓа помалку од еден месец по неговата 35-годишнина.
Со оглед на постојаните рецесии, војни и културни промени, мјузиклот е скап за одржување со неговите сложени сценографии и костими, како и со големата актерска екипа и оркестар. Приходите на благајните осцилираа, поради што се донесе одлука да ја прекинат проекцијата.
Мјузиклот на Ендрју Лојд Вебер ја раскажува приказната за деформиран композитор што ја прогонува Париската опера и лудо се вљубува во невината млада сопранистка Кристин.
Заснован е на романот на Гастон Леру и ги содржи некои од најпознатите песни, вклучувајќи ги: „Masquerade“, „Angel Of Music“, „All I Ask Of You“ и „The Music Of The Night“.
За првпат беше прикажана во Лондон во 1986 година, а оттогаш претставата ја виделе повеќе од 145 милиони луѓе во 183 града и била изведена на 17 јазици.
Comments