top of page
Search

Платини има миленик во францускиот тим, а тоа не е Килијан: Мбапе промашува многу шанси бидејќи е пребрз

20.06.2024 juni Cetvrtok

Мишел Платини важи за еден од најдобрите француски играчи на сите времиња, а поранешната ѕвезда која во три наврати ја освои „Златната топка“ во последно време доста ретко се огласува во јавноста.

Причина за тоа е непопуларниот начин на кој го заврши својот мандат во УЕФА, но сепак актуелното Европско првенство во Германија беше доволно добра причина за да искоментира неколку играчи од францускиот тим.

Килијан Мбапе секогаш е во преден план и важи за главна ѕвезда кај „триколорите“, но Платини открива дека негов миленик е Антоан Гризман.

– Кога го споменуваме Мбапе, сите правиме споредби со Халанд. Јас верувам многу повеќе во Мбапе. Има поголем фудбалски талент, иако промашува многу шанси поради тоа што е пребрз!

– Килијан стана подвижна фирма, но сите големи играчи во денешницата станаа како бизнис компании. Мене лично, многу ми се допаѓа Гризман. Тој е многу интелигентен играч и класата која ја поседува е тесно поврзана со алтруизмот, тој секогаш се грижи за другите играчи, – вели Платини.


0 views

Comments


bottom of page