top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Планета со три сонца во соѕвездието Орион

Updated: Oct 6, 2021

05.10.2021 Oktomvri Vtornik

АСТРОНОМИТЕ НА ПОЧЕТОК НА ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ

Астрономите пронајдоа повеќе докази дека постои единствен систем во вселената – планета со три сонца. Тоа е најреткиот тип планети во познатиот универзум, кој во исто време се врти околу три звезди. Ова се однесува на ѕвездениот систем познат како ГВ Орионс или ГВ Ори во соѕвездието Орион, оддалечено околу 1.300 светлосни години од Земјата. Станува збор за три „прстени“ поставени еден во друг, како цел за стрелање. Во центарот на тој систем се три звезди, две се поврзани во тесна меѓусебна бинарна орбита, додека третата се врти околу нив во широк лак. Научниците веруваат дека системите со три звезди се многу ретки во вселената, бидејќи досега не е откриен ниту еден. Набљудувајќи со голем телескоп од пустината Атакама во Чиле, астрономите утврдиле дека трите прстени се неконзистентни, односно дека орбитата на внатрешната звезда многу отстапува од својата орбита. Затоа, научниците веруваат дека орбитата на ѕвездата е под влијание на гравитацијата на „млада“ планета или планета што сѐ уште е во фаза на создавање, пишува во научниот труд објавен во списанието „Астрофизикал журнал летерс“. Доколку оваа теза на научниците се потврди со дополнителни истражувања, тоа би значело дека е откриена првата планета во вселената со три сонца. Најновото истражување на астрономите, објавено во списанието на Кралското астрономско здружение, дава нови докази за постоење на тој систем во соѕвездието Орион. Научниците извршиле 3Д-симулација за да го покажат начинот на кој мистериозни „грешки“ се појавуваат во прстените на тој ѕвезден систем, врз основа на набљудувањата на други прстени на друго место во вселената. Тие разгледувале две хипотези: „грешката“ во прстенот настанала од вртежниот момент произведен од трите ротирачки ѕвезди во центарот на системот или се појавила кога планетата се формирала на еден од дисковите. Научниците заклучија дека нема доволно турбуленции во прстените за да се прифати хипотезата со вртежниот момент. Нивниот модел сугерира дека во системот постои планета со големина на Јупитер или можеби дури и повеќе планети. Според нивните пресметки, хипотетички набљудувач од оваа планета не би видел три сонца на небото. Две ѕвезди во центарот на системот кружат во толку блиска орбита што на небото би изгледале како едно големо сонце, додека третото би се видело како орбитира околу нив, пишува „Лајв сајанс“.


1 view

留言


bottom of page