top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пламенка Трајковска – гудачки квартет со концерт во Истанбул

Пламенка Трајковска – гудачки квартет вечерва (13 јуни) во 19 часот во Православната црква Пресвета Богородица во Истанбул, на покана на Светата Архиепископија на Константинопол во општина Јеникој, ќе реализира ексклузивен концерт. Настапот е во чест на Неговата Света Светост Екуменски Патријарх Вартоломеј и промоцијата на книгата ,,Од Имврос до Фанари Патријархот Вартоломеј”.

Во гудачкиот квартет покрај виолинистката Пламенка Трајковска ќе настапат и Сандра Крстевска на виола, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело.

На програмата се класични композиции, композиции инспирирани од македонскиот фолклорен мелос и авторски дела на Пламенка Трајковска.

Гудачкиот квартет Пламенка Трајковска досега реализирал голем број на концерти на сите сцени во Македонија и на најзначајните фестивали кај нас како: Скопско лето, Битфест, Штипско лето, Петровденски ракувања, Топол културен бран, Караманови средби, Кавадаречка културна есен, Велешко културно лето и многу други манифестации. Членовите на гудачкиот квартет реализирале концерти во Хрватска, Грција, Србија, Бугарија, Франција и Танзанија.

Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура, Културно информативниот центар во Истанбул и Светата Архиепископија на Константинопол.


0 views

Comments


bottom of page