top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Писателката Радмила Петровиќ на книжевна резиденција во Скопје

Српската писателка Радмила Петровиќ престојува на книжевна резиденција во Скопје, што се реализира во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“, кој е поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Радмила Петровиќ е родена 1996 година во Ужице. Завршила Економски факултет во Белград. Како лауреат на 42-те Лимски вечери на поезијата ја објавила збирката песни „Мирисот на земјата“, а како победник на 22-от Поетски конкурс „Десанка Максимовиќ“ збирката „Целулозен рокенрол“. Нејзината трета збирка поезија „Мојата мајка знае што се случува во градовите“ ја објавува во 2020 година.

Застапена е во зборници и онлајн списанија. Учествувала на бројни читања на поезија, како и на неколку работилници за креативно пишување. Песните ѝ се преведени на англиски, германски, француски, грчки, македонски, хебрејски и други јазици.


1 view

Comments


bottom of page