top of page

Писателите од Битолскиот книжевен круг го одбележаа Светскиот ден на поезијата

22.03.2021 Mart ponedelnik

Писателите од Друштвото „Битолски книжевен круг“ го одбележаа Светскиот ден на поезијата.

„Творците кои живеат и создаваат во Битола заеднички, со лична творечка впечатливост и соработка, споделија исклучителна примамливост во чест на Светскиот ден на поезијата“, истакна Елизабета Јончиќ, претседателка на Битолскиот книжевен круг.

На веб-страницата на друштвото објавени се поетски творби од писателите Радован П. Цветковски, Панде Манојлов, Кире Неделковски, Златко Жоглев, Милица Димитријовска Радевска, Зоран Пејковски, Гордана Стојановска, Мирјана Стојановска, Весна Мундишевска-Велјановска, Елизабета Јончиќ, Даниела Андоновска-Трајковска, Славица Гаџова Свидерска, Биљана Т. Димко, Никола Илијовски, Михајло Свидерски, како и дела на ликовните уметници Љубица Мешкова-Солак, Александар Тасески-Џинго, Димитар Солаковски и Драган Најденовски.

Битолскиот Книжевен круг почна со подготовки за обележување на Светскиот ден на книгата и авторското право.


 
 
 

コメント


bottom of page