Пирс за правилата на Тен Хаг: Мора да има здрав разум, тој си бара проблеми!
- Aleksandar Santovski
- Jul 8, 2022
- 1 min read
Ерик Тен Хаг почна со работа во Манчестер Јунајтед каде ќе има тешка задача да го врати клубот на старите победнички патеки.
Тој има свои методи на работа од кои не сака да отстави, веќе постави неколку правила кои излегоа во јавноста и почнаа да бидат коментирани. Прв се огласи Пол Сколс којму фати сеир на Холанѓанецот за петте правила, а сега свој став на темата даде поранешниот англиски репрезентативец Стујарт Пирс.
-Ако сте ги поставиле тие пет правила, тие мора да минат низ него и потоа тој ќе мора да се справи со секој мал проблем што ќе го имаат. Да ја земеме диетата на пример. Многу од овие играчи вработуваат свои готвачи далеку од фудбалот. Не можете тоа да го контролирате. Тие го прават тоа од вистински причини и поради различните намирници што културолошки ги низ светот. Со ставање на нешто слично на тоа индивидуално правило, мора да го надгледувате! И како тоа го контролирате? -вели Пирс кој потоа имаше што да каже и за правилото за доцнење на тренинг.
-Да се доцни е здрав разум. Можете да заглавите во сообраќај. Ако сте играч од првиот тим и заглавите малку во сообраќај на пат кон тренинг и ве исклучат, дали ќе речете „добро, тие се правилата, што можам да направам за тоа?
-Понекогаш е неприфатливо. Здравиот разум мора да игра правична улога. Вие само барате проблеми како менаџер, -истакна популарниот Психо.

留言