top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пирс Броснан стана дедо четврти пат

Пирс Броснан на својот инстаграм-профил ја објави среќната вест дека станал дедо на момчето Џексон Илаја, родено пред пет дена. Синот на ирскиот актер, Шон, и неговата сопруга Сања, по потекло од Хрватска, го добија своето второ дете, момче, и веќе се родители на ќерката Марли Меј Касандра (7). „Џексон Илаја Броснан, роден во 15.06 часот, на 12.11.2022… Благослов за тебе, мој најмил внуку, добредојде. Честитки, драги мои Шон, Сања и Марли“, напиша гордиот дедо (69) на „Инстаграм“. Пирс стана дедо пред две децении, но сè уште е возбуден поради оваа улога. Тој сега живее на Хаваи со својата сопруга Кили Шеј Смит. Пирс има одиграно многу улоги како актер, сепак, една од улогите во кои најмногу ужива е таа што му овозможува време со семејството. Ѕвездата од „Џејмс Бонд“ беше еден од најбараните актери во Холивуд, па дури беше и крунисан за најсекси маж на светот неколкупати, но тој има очи само за една жена, Кили Шеј Смит – на разочарување на некои фанови. Пирс е со неа откога се запознале во 1994 година на забава во Кабо Сан Лукас, една година пред да дебитира како Џејмс Бонд, улогата по која сега е познат. Од моментот кога ја видел Кили, Броснан не можел да престане да размислува за неа. „Каде и да одев во светот, ми недостигаше и ѝ испраќав билети да дојде за да бидеме заедно. Се чинеше дека, едноставно, си одговараме“, рече тој во една пригода.




1 view

Comentários


bottom of page