top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пирс Броснан и Кили Шеј Смит на дневно возење велосипед во Малибу


Пирс Броснан и сопругата Кили Шеј Смит уживаа во возење велосипед во Малибу, Калифорнија, во студената зимска недела. На прошетката низ луксузната локација, Броснан (68) на себе има темносино палто преку темен топ и црни панталони, црни чевли и очила за сонце. Пирс и Кили, родители на два сина, Дилан (24) и Парис (20), на почетокот на оваа година ја прославија 20-годишнината од бракот. Пирс и Кили разменија завети во неговата родна Ирска во август 2001 година, а изминатово лето тој се огласи на Инстаграм со емотивна порака во која ѝ искажа почит на сопругата со која живее две децении. „Среќна годишнина драга моја Кили, мојата љубов засекогаш расте со тебе…“ напиша актерот, додавајќи емотикони од детелина и срце. Тој никогаш не штедел зборови да ја искаже својата љубов кон сопругата. Маж и жена од 2001 година и сè уште се сакаат како првиот ден, коментираат медиуите. Пирс и Кели никогаш не пропуштаат прилика да разменат нежности по секоја година од животот како пар. Години во кои тие физички се променија, сега веќе подостарени и малку здебелени, но сепак убави еден на друг. Заедно докажуваат дека телото е привремено, но љубовта е засекогаш.





2 views

Comments


bottom of page