Пирс Броснан за прв пат ја почувствува моќта на Мет Гала
Броснан (69) носеше едноставен црн смокинг додека Смит (59) се одлучи за елегантен црн фустан со блескава проѕирна наметка. Насмевка ги красеше нивните лица, а во еден момент, славниот „Џејмс Бонд“ и шепна на уво на сопругата.Нивното појавување на најголемата модна вечер само ја засили ѕвездената постава на гости, по избор на музејот Метрополитен и домаќинката од 1995 година, моќната уредничка на „Вог“, Ана Винтур. Двојката во текот повеќедеценискиот брак, втор за Броснан, имаа само неколку појавувања на гала црвените килими.Пред да разменат завети со Смит,номинираниот за Златен глобус беше во брак со Касандра Харис од 1980 година до нејзината смрт во 1991 година. Во текот на неговиот прв брак, актерот и Харис го добија синот Шон (39). Ѕвездата на Мама Миа!,ги посвои и ќерката на Харис, Шарлот и синот Крис (50) од претходниот брак на Харис, откако нивниот татко починал. (Шарлот почина во 2013 година на 41-годишна возраст по битка со рак на јајниците.)Броснан повторно ја најде љубовта откако ја запозна новинарката Смит додека го интервјуираше, а потоа на патувањето во Мексико во 1994 година се зближија. По речиси седум години врска, двојката размени завети во 2001 година. Тие, исто така, го проширија своето семејство со синовите Дилан (26) и Парис (22).
Ѕвездата на „Tomorrow Never Dies“ подоцна се отвори за тоа како можел да продолжи по смртта на Харис. „Имав одличен брак кој за жал имаше свој крај и имав доволно среќа повторно да најдам љубов. Требаше да се најдеме. Му благодарам на Бога за неа секој ден“, изјави тој за Closer во јануари 2018 година. „Кога Кели ќе ме погледне, станувам слаб. Ја сакам нејзината виталност, нејзината страст. Таа ја има таа сила без која јас не би можел да живеам“.
Во Метрополитен музејот во Њујорк, САД, на 5 мај ќе биде отворена првата голема ретроспектива по смртта на модниот дизајнер Карл Лагерфелд.
Познат како „креаторот-камелеон“, Лагерфелд остави голем белег на светската мода и култура. Дизајнерот, кој почина во 2019 година, беше 60 години во модата – во куќи за висока мода како „Шанел“ за која работеше од 1983 до 2019 година, „Фенди“ (1964 – 2019) и „Клои“ (1963 – 1983). Кустосот Ендрју Болтон вели дека Лагерфелд работел за модните куќи прилагодлив „како камелеон“, со различни стилови.
– Лагерфелд беше целосен креатор, зашто тој правеше сè – облека, модни детали и козметика, што успеваше да ги спои уметноста и трговијата и измисли успешни модели на работа во модната индустрија, додаде Болтон.
Ретроспективата насловена „Карл Лагерфелд: Линија на убавината“ (Karl Lagerfeld: A Line of Beauty) ќе трае од 5 мај до 16 јули и ја истражува двојноста на уметникот, мајстор на иновациите. На изложбата ќе бидат претставени 150 парчиња облека и цртежи.
Comentários