Search
Пиротехниката ја „изгоре“ касата на шампионот Вардар за 17.000 евра
- Aleksandar Santovski
- 4 days ago
- 1 min read
11.06.2026 juni Cetvrtok
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) му изрече парична казна на првакот Вардар поради употреба на пиротехника на натпреварот од последното коло во ПМФЛ против Шкендија.
Дисциплинската комисија на ФФМ му изрече казна од 17.000 евра на Вардар. Казната е изречена поради користење на пиротехнички средства на натпреварот од 33 коло со ФК Шкендија кога „црвено-црните“ ја прославуваа титулата.
Оваа казна доаѓа по вчерашната информација дека УЕФА го казни Вардар со 250.000 евра поради лошо финансиско работење во сезоната 2023/24.







Comments