Пирова победа за Барселона во Мадрид, ПСЖ го матираше Ливерпул и на „Енфилд Роуд“ (ВИДЕО)
- Aleksandar Santovski
- Apr 15
- 1 min read
14.04.2026 April Vtornik
Екипата на Барселона го доби Атлетико на реваншот во Мадрид, но триумфот од 2-1 не беше доволен за пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Каталонците во целост го надиграа Атлетико во првите 30 минути, дојдоа во водство од 2-0 преку Јамал и Торес, пропуштија идеална шанса за 3-0 преку Лопез за да во 31 минута примат лесен погодок (Лукман) со кој го вратија домашниот тим во игра.
Со овие 2-1 се замина на пауза по која Барса одново беше поактивна и дојде до 3-1 преку Торес, но поради офсајд голот беше поништен во 55 минута. До крајот двете екипи имаа шанса/полушанси, каталонците одново останаа со играч помалку (Ерик Гарсија црвен во 79 минута), но и со десетмина на теренот актуелниот шпански првак дојде до неколку идеални ситуации со глава кои не беа искористени од Левандовски и Араухо.
На крајот како пресудно се покажа славјето на Атлетико на „Камп Ноу“, па со вкупно 3-2 оди во наредната фаза каде ќе ги одмери силите со подобриот од Арсенал-Спортинг.






Comments