top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Пино силвестре“ се врати

Легендарниот „пино силвестре“ дезодоранс и колонска вода се враќа. Препознатливите шишиња ги преплавија виртуелните продавници, парфимериите и аптеките. Таму тоалетната вода Pino Silvestre може да се најде од 10 до 17 евра, во зависност од количината и продажната маржа. Покрај тоалетна вода, во понудата се и афтершејв (лосион по бричење) и дезодоранс. Заедно со оригиналниот зелен Pino Silvestre се продаваат и црвени и сини верзии – Italian Citrus и Amber Woods. Постарите, веројатно, се сеќаваат дека оригиналниот Pino Silvestre мирисаше на борова смола или на оние миризливи шишарки што се ставаат во автомобилите. Модерната тоалетна вода, на која пишува „оригинал“, го нема тој мирис, иако во неа доминира борот, новиот „пино“ е нешто полесен и полимонест.


2 views

Comments


bottom of page