„Пиктограми“, изложба на Светлана Попова и Марија Штерјова во Прилеп
25.04.2024 April Cetvrtok
Во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, вечерва (26 април), од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Пиктограми“ ма Светлана Попова и Марија Штерјова.
Авторите, работејќи заедно, создаваат вистинско уметничко искуство. Секое парче резонира со суштината на животот, раскошот на љубовта, битот на семејството, визијата кон иднината, а сè преку универзалниот јазик на симболите.
– „Пиктограмите“, во своите творби, не само што ја прославуваат убавината на светот околу себе туку и пренесуваат наратив на емоции, искуства и врски, поканувајќи ги гледачите да ги истражат длабочините на човековото изразување, втурнувајќи се длабоко во значењето на сликовниот јазик и сопствената душа – се вели во најавата за изложбата.
Сликите се изработени во техниката акрил на платно, акрил на панел, акрил на хартија, со различни димензии, јаки контрасти на бои, слободни движења на сликарско ноже, кист и четка со огромна големина.
Вкупно 33. дела, кои ќе бидат изложени, се изработени во подолг временски период, од 2019 до 2024 година.
Comments