Пикси: Не сум готвач, па да барам рецепт за Халанд
Ceлекцијата на Србија утре го игра решавачкиот меч за пласман во А дивизијата во Лигата на нации, пласман за кој потребна е победа против Норвешка во Осло.
Србите на овој меч ќе бидат без Сергеј Милинковиќ Савиќ и Урош Рашиќ, но селекторот Драган Стојковиќ има добри опции на клупата кои треба да одговорат на поставените нации. Една од клучните работи за успех на нашиот северен сосед е да го запрат Ерлинг Халанд кој е во извонредна форма, па запрашан за тоа ќе го неутрализираат напаѓачот на Манчестер Сити, популарниот Пикси во свој стил одговори:
-Јас не сум готвач, па да барам рецепт за Халанд. Многупати сум кажал дека е фантастичен играч кој игра во еден од најскапите тимови во светот. Во Манчестер Сити е опкружен со соиграчи од врвна класа и секако во таа ситуација неговиот талент доаѓа до полн израз. Ама мечот кој Норвешка го загуби пред два дена од Словенија потврди дека има решенија и за него.
-Навистина е тешко да го запрете, но не е невозможно, треба да бидете максимално концентрирани, да се грижите за нивните нафрлувања од крилните позиции, контранападите и да не му дозволите да добие многу простор во нашиот шеснаесетник, -порача Стојковиќ.
Comments