Пикси го впери прстот и му смисли нов прекар на несопирливиот „Митро-гол“
Фудбалската репрезентација на Србија доживува ѕвездени моменти со Драган Стојковиќ како селектор, бидејќи покрај пласманот на Светското првенство кое беше обезбедно со голема победа во Португалија, „орлите“ остварија нов голем успех и во Лигата на нации. Со забележената победа во Осло на гостувањето, Србија се промовираше во Лигата А во Лигата на нации и наредната година ќе биде дел од европската елита, а последните два триумфи над Шведска и Норвешка прават атмосферата во таборот да биде уште подобра пред мундијалот во Катар. Легендарниот Пикси создаде одлична хемија во тимот кој е исполнет со многу врвни фудбалери, но синоќа повторно се истакна Александар Митровиќ кој го постигна погодокот за решавање на победникот. Популарниот „Митро-гол“ стигна до јубилејниот 50-ти погодок во репрезентацијата на Србија, поради што доби и нов прекар од страна на српскиот селектор. – Александар Велики!, – порача Пикси.
Comments