top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пикси ги одреди 26-те „орли“ кои ќе одлетаат за Катар (Фото)

Драган Стојковиќ направи позитивна револуција во фудбалската репрезентација на Србија и успеа да ги доведе работите во вистински ред, а доказ за тоа беа извонредните квалификации и директниот пласман на мундијалот пред Португалија.

Српската селекција има воодушевувачки настапи под водство на Пикси и цела јавност во нашата соседна земја има големи очекувања од мундијалот, турнир за кој имаше место само за 26 играчи во авионот кој ќе лета кон Катар.

Српските „орли“ се наоѓаат во тешка група со селекции како Бразил, Швајцарија и Камерун и нивната сила ќе биде сериозно тестирана уште на самиот старт, бидејќи играчите на Пикси отвораат за еден од фаворитите за освојување на титулата.

Бразил и Србија ќе ги одмерат силите на 24-ти номеври, а потоа за Србија ќе следат натпреварите против Камерун и оној против Швајцарија кој според многумина треба да биде клучен за пласман во следната фаза.

Во последен момент од списокот на Пикси отпаднал Алекс Терзиќ од Фиорентина, додека повик добива Марко Грујиќ кој во последно време не беше дел од тимот на Србија.


1 view

Commentaires


bottom of page