top of page

Пике со критики за Барселона: Супер лигата е погрешен потег

Жерард Пике често ги истакнува своите искрени ставови за многу фудбалски прашања, а во своето последно јавно излагање, го нападнал и својот клуб Барселона.

Причина е проектот Супер лига, кој според дефанзивецот е погрешен потег.

– Супер лигата станува желба кога лошо управувате со клубот, а тука се и последиците од ковидот. Овде во Шпанија тоа стана политичко прашање, медиумите се контролирани од неколку луѓе и затоа ја поддржуваат Супер лигата.

– Во Англија не е така, таму луѓето протестираа против идејата. Според мене, овој проект ќе го уништи фудбалот бидејќи од него ќе профитираат само големите клубови.

– Не сум сигурен дека Барселона и Реал Мадрид постапија исправно, иако со ваков став одам директно против мојот клуб. Ја разбирам позицијата на трите клуба, но како фудбалски фан сметам дека не е најправилен избор. Очигледно е дека менаџментот на клубовите во Англија е најдобар, а кај нас во Шпанија сме малку подобри од Италијанците, – рекол Пике.


 
 
 

Comments


bottom of page