Пике: Сакам да провоцирам, едно дерби ми беше поинтересно и од она против Реал
- Aleksandar Santovski
- Nov 10, 2023
- 1 min read
Жерард Пике важеше за фудбалер кој секогаш најмногу ја разгоруваше атмосферата пред „Ел Класико“ пресметките со своите зајдливи изјави, а пензионираниот стопер признава дека тоа често го правел и намерно со цел да го испровоцира противникот.
Поранешниот дефанзивец на Барса обелоденува дека на крајот од кариерата имало едно дерби во кое повеќе уживал и од пресметките со Реал, она против градскиот ривал Еспањол.
– Сакам да провоцирам и ми се допаѓа кога го правам тоа. Сакам да создавам полемика, оној што не знае да се носи со неа, тоа е негов проблем. Јас не можам да ги сфатам оние кои не прифаќаат провокации. Јас се чувствував комотно на терените на Реал и Еспањол, не им давав значење на навредите.
– Јас им одговарав со насмевки и тие се лутеа уште повеќе. Во тоа пронаоѓав мотив за да бидам уште подобар. Критиките не допираа до мене, а провокациите ме тераа да бидам подобар, да имам жар во себе кога излегувам на тие терени.
– Мора да признаам дека на крајот на кариерата едно дерби ми беше поинтересно, а тоа е она против Еспањол. Бев потврдоглав и поголем провокатор на дерби пресметките со Еспањол. Секогаш „добро“ ме пречекуваа и секогаш играв добро против нив. Како ќе одржев мотивација цели 20 години ако немаше провокации на теренот? , – прашува Пике.

Comments