Пике посрамотен во преполн клуб: Публиката го скандираше името на неговата поранешна
Пејачката Шакира и поранешниот фудбалер Жерар Пике минатата година ги изненадија сите со објавата дека се разделуваат по 12 години врска во која ги добија синовите Милан и Саша.
Иако на почетокот само се шпекулираше дека главната причина за нивната разделба е неверството на Пике, набрзо се покажа дека тоа е вистина.
Имено, поранешниот фудбалер набрзо објави дека неговата нова избраничка е 12 години помладата Клара Чиа Марти со која ја изневерувал пејачката, а светот дополнително го шокираше фактот што неговата мајка цело време знаела за тоа и му помагала на синот да ја крие врската со Клара.
Шакира неодамна се отвори за се и откри дека дознала дека Пике ја изневерува додека нејзиниот татко бил во болница, а од самиот почеток доби голема поддршка од нејзините фанови ширум светот.
Од друга страна, прељубниците Клара и Џерард се најдоа на столбот на срамот, а тој сега повторно доживеа јавно понижување.
Како што е познато, тој по завршувањето на фудбалската кариера го лансираше проектот „Лига на кралевите“, а како дел од него минатиот викенд во пресрет на новиот турнир организираше и промотивен настан. Пике приреди голема забава во ноќен клуб и во еден момент излегол пред публиката да одржи говор, но притоа доживеал непријатност.
Тој го држел микрофонот во едната рака и чаша во другата, а толпата не му дозволи да го започне говорот, туку скандирала: „Шакира, Шакира“. Поради тоа му беше видно непријатно, па погледна во подот и неколку пати во микрофонот праша: „Што се случува?“.
Сепак, толпата не престана да скандира, а потоа Пике им се обрати со малку понепријатен тон. Како што може да се види во коментарите на Твитер, луѓето тврдат дека поранешниот фудбалер им рекол: „Како и да е, јас сум се уште светски шампион, а вие сте никој“.
Comments