top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пике побара промена на правилото за изведување пенали по болната елиминација на Шпанија

Жерард Пике беше горд на изданието на шпанската фудбалска репрезентација и им испрати искрена охрабрувачка порака на своите сонародници по болната елиминација од Италија во пенал рулетот, но по првичната објава на социјалните мрежи, следеше уште една со која побара промена на правилото кое според него е неправедно. Стоперот на Барселона верува дека стандардниот формат за изведување пенали го фаворизира тимот кој прв ја отвора пенал серијата, а како доказ за тоа ја понуди и статистиката од досегашните четири пенал рулети на Европското првенство и на Копа Америка. – Не е никаква случајност што сите четири пенал серии кои ги имаше на Европското првенство и на Копа Америка ги доби тимот кој прв шутираше пенал. Статистиката вели дека тој што шутира прв има поголеми шанси за победа и на ваков важен турнир, тоа ми изгледа неправедно. Не е праведно фрлањето паричка да одлучи да почнете со негатива, – порача Пике со твитот и отвори голема дебата. На неговата објава следеа безброј коментари, а еден од следбениците побара понуда на негова солуција за ова правило кое се негува низ историјата. – Мислам дека најдобар е форматот „АББААББААБ“… На тој начин тимовите ако не погрешат, во еден момент ќе бидат во предност. Тоа многу менува на психолошки план, има разлика постојано да бидете во предност или во негатива, – порачува Пике.


1 view

Comments


bottom of page