Пике за скандалот со „Суперкупот“: Ако не беа промените, Реал Мадрид немаше ни да учествува
- Aleksandar Santovski
- Apr 19, 2022
- 1 min read
19.04.2022 April Vtornik
Жерард Пике доби сериозни обвинувања поради инволвираноста во организацијата на шпанскиот Суперкуп турнир во Саудиска Арабија, потег кој е направен како соработка на неговата компанија и Шпанската фудбалска федерација.
„Ел Конфиденсијал“ објави аудио снимки на кои се слуша како Пике и првиот човек на федерацијата, Луис Рубиалес го договараат турнирот во Ријад, при што размислуваат да побараат поддршка и од шпанското кралско семејство.
Дефанзивецот бил принуден преку „Твич“ да зборува на оваа тема, за да расчисти одредени дилеми.
– Јас само помагав, одлуката беше на федерацијата.
– Од профит од 120.000 евра, федерацијата заработува 40 милиони евра од овој турнир.
– Дали мислите дека судиите ќе и помагаат на Барселона поради оваа соработка? Не, туку медиумот ги избрал снимките кои најмногу му одговараат.
– Ако не беше промената, Реал Мадрид немаше ни да учествува, па вие кажете ми дали тоа е во нивна полза или не, – рекол Пике.
Во новиот Суперкуп формат, учествуваат двете најдобро пласирани екипи од Ла Лига и финалистите во купот, а Реал Мадрид немаше да учествува во првото издание ако не беше во проширен формат.

Comments