Пике: Еден играч на Реал отиде на забава по историските 2:6!
Втори мај 2009-та година вечно ќе остане во сеќавање на фановите на Барселона, бидејќи на гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“ беше потврдената титулата во Примера, но се оствари и една од најголемите победи во „Ел Класико“ пресметките. Барселона како гостин славеше против лутиот ривал со неверојатни 2:6, натпревар за кој се откриени премногу анегдоти од соблекувалната на Барса, но кои одредени очигледно се уште не и се познати на јавноста. Жерард Пике како гостин во шоуто на Ибаи Ланос обелодени дека еден играч на Реал Мадрид излегол да се забавува по историскиот потоп во домот на „кралевите“, но иако познатиот стример се обидуваше да го извлече името на играчот, стоперот на Барселона не сакаше да го открие идентитетот. – Има една многу добра анегдота од тој ден, од историскиот 2-ри мај. Еден играч на Реал Мадрид излезе да се забавува вечерта по поразот од 2:6. – Нема да ви го откријам името, но ќе ви кажам само едно. Беше „уловен“ од играч на Барса кој исто така излезе да се забавува. Нема да се изненадите ако би знаеле за кого точно станува збор, – порачува Пике.
Comments