top of page

Пижама-дезенот е најголем моден тренд оваа пролет

Updated: Apr 19, 2022

18.04.2022 April Ponedelnik

И оваа сезона ќе се носат комплети од сатен, свила и слични материјали, со т.н. пижама-дезени. Овие костими се елегантни и лежерни во исто време, но и доста практични, бидејќи можат да се носат од утро до вечер и во секој момент да изгледате дотерано и соодветно на пригодата.

Свилените комплети се женствени, но имаат и урбан печат, особено ако ги носите со патики или со шик накит. Најголема предност е што панталоните и кошулата (сакото) може да се носат заедно, но и посебно, па можете да направите разни комбинации. Изборот во продавниците е голем, за дамите што сакаат да бидат во центарот на вниманието има модели со впечатливи принтови, додека за оние поедноставните вистински избор се посмирени дезени или еднобојни модели.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page