top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пиво од грашок и кисела зелка, божиќен хит на Исланд

Божиќно пиво направено од грашок и маринирана црвена зелка стана хит во Исланд меѓу купувачите во пресрет на Божиќ. За неколку часа „исчезнале“ 6.000 лименки пиво од полиците на продавниците.

Божиќното пиво „Ора Јолабјор“ е произведено од мала пиварница во Рејкјавик и е инспирирано од исландската божиќна вечера.

Исландската празнична гозба се состои од грашок и црвена зелка послужени со чаден јагнешки бут и карамелизиран компир.

Новото пиво со 5,2 отсто содржина на алкохол, а идејата за негово производство е на Велгеир Велгеирсон, главниот производител на пиво во РВК Бревинг.

Велгеирсон стекнал добра репутација во изминатите неколку години кога лансирал популарни божиќни пива од алги, стебла од новогодишни елки, па дури и сушени риби. Самиот Валгеирсон (41) низ смеа признава дека рибиното пиво било најнеобично.

pixabay

Овој пат главните состојки на новото пиво, се грашок и зелка, кои се мешаат со слад, хмељ и каранфилче. Пиварницата на Велгеирсон произведува само 50.000 литри пиво годишно, што е капка во океанот во споредба со производството на меѓународни конгломерати за пиво.

Од својот последен изум, досега има произведено 6.000 литри, кој потоа преку интернет биле продаден на исландската државна компанија за пиво „Винбудин“. Првата серија од 6.000 лименки се распродале за неколку часа, а набргу потоа биле продадени уште 18.000 лименки.

Валгеирсон вели дека комбинацијата на грашок и зелка е симболична за Исланѓаните, бидејќи традицијата на комбинирање на овие две работи за Божиќ датира од времето кога во зима тешко се доаѓало до свежа храна. – Бев изненаден од многу добриот вкус на ова пиво – рекол Хедин Унштајнсон, 51-годишен владин советник.

Неговиот колега Нилс Бјарки Финсен го споредил со англиско горчливо пиво, велејќи дека е пријатно изненаден бидејќи очекувал вкус на зеленчук, притоа додавајќи дека следната година очекува уште понеобичен вкус од пиварницата Велгеирсон на пример пиво од џигер од бакалар.



2 views

コメント


bottom of page