Пејтон „исчезна“ од теренот, Грин испрати додавање до клупата на Лејкерс (Видео)
- Aleksandar Santovski
- May 9, 2023
- 1 min read
Голден Стејт долго имаше предност во дуелот со Лос Анџелес Лејкерс, но на крајот му дозволи на противникот да направи пресврт и да ги израдува домашните фанови за предност од 3:1 во НБА плејоф серијата.
Дрејмонд Грин повторно имаше важна улога на теренот, но се најде и во една бизарна ситуација, иницирана од „исчезнувањето“ на неговиот соиграч Гери Пејтон Џуниор.
Во еден напад на Вориорс, Пејтон неочекувано го напушти теренот и се упатил кон соблекувалната, а Грин без да знае за тоа, реши да му додаде без воопшто да погледне на која е позиција е соиграчот.
Топката заврши на клупата на Лејкерс, односно кај еден од членовите на стручниот штаб, а зачудениот Грин не можеше да поверува што се случило.Фановите не можеа да сфатат зошто го немало Пејтон во нападот на својата екипа, но подоцна се појави и видеото од кое се гледа дека кошаркарот на Голден Стејт имал одреден проблем, по кој морал да се пресели на клупата веднаш откако заврши нападот на противникот.

Comentarios