top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пејачот на рок бендот „У2“ сподели неверојатна интимна вест

Боно Вокс, пејачот на ирскиот рок бенд У2, откри дека има полубрат за кој со децении не знаел дека постои, пишува во неделата Би-Би-Си.

„Имам уште еден брат, кого го сакам и обожавам, за кој со децении не знаев дека го имам“, рече Боно на „Desert Island Discs“ на BBC Radio 4.

Пејачот изјави дека за својот полубрат дознал во 2000 година, додавајќи дека се „помирил“ со тоа.

Боно му рекол на водителот на емисијата дека неговата мајка Ајрис, која починала во 1974 година, не знаела дека нејзиниот сопруг има дете со друга жена.

„Тоа е многу блиско семејство и сфатив дека татко ми има длабоко пријателство со таа прекрасна жена, а потоа добија дете. И сето тоа се чуваше во тајност”, рекол Боно.

Откако Боно дознал, разговарал со својот татко Боб пред неговата смрт во 2001 година.

Го прашав дали ја сака мајка ми и ми рече „да“, се присети Боно.

„Реков, како можеше тоа да се случи тогаш, а тој ми одговори -“ Можеше. Тој не се извини, само изјави, и јас се помирив со тоа“, заклучил Боно.


2 views

Comentarios


bottom of page