top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пејачката Шинејд О’Конор почина на 56-годишна возраст

Познатата пејачка Шинејд О’Конор почина на 56-годишна возраст, пренесува „Дејли мејл“.

Родена во Даблин во декември 1966 година, О’Конор стана една од најпознатите пејачки во земјата.Нејзината музичка кариера започна на 15-годишна возраст, а по краток период на настапи со бенд во 1980-тите, таа потпиша за „Ensign Records“. Нејзиниот прв албум „The Lion and the Cobra“ беше сензација, кога го објави во далечната 1987 година.

Ирската пејачка, стана славна ѕвезда ширум светот на почетокот на деведесетите. За време на нејзината богата кариера, таа објави 10 студиски албуми. Нејзината изведба на песната „Nothing Compares 2 U“ на Принс во 1990 беше прогласена за светски сингл број еден на Билборд музичките награди. Следната година ја доби наградата „Греми“ за нејзиниот албум „I Do Not Want What I Haven’t Got“.

Во текот на нејзината кариера, О’Конор беше отворена за нејзиното духовно патување, активизам, политички ставови, како и за нејзините борби со менталното здравје. Таа го промени своето име во Шухада Садакат во 2018 година, откако се одлучи да премине во ислам.

Веста за нејзината смрт е по долгогодишната борба со менталното здравје и 18 месеци по смртта на нејзиниот 17-годишен син Шејн.





1 view

Comments


bottom of page