Пешиќ пред ЛОИ во Париз: Овој американски дрим-тим е посилен од тој во 1992 година
25.06.2024 Juni Vtornik
Српската кошаркарска репрезентација ги започна подготовките за олимпискиот турнир во Париз, а селекторот Светислав Пешиќ ќе се обиде да ја темпира формата на своите избраници, кои и онака имаа долги и напорни сезони во своите клубови.
Предводникот на нашиот северен сосед очекувано добил прашање и за американската репрезентација, која најавил силен состав за оваа Олимпијада, а ќе и биде противник на Србија уште во групната фаза.
– Не се занимаваме со Американците, односно моите играчи не размислуваат многу за нив. Сепак, оваа нивна репрезентација е посилна од дрим-тимот во Барселона во 1992 година.
– Тогаш никој не веруваше дека постојат такви играчи, но сега е 2024 година и кошарката е спортот кој многу напредуваше. Во Барселона никој не се подготвуваше за нив, туку сакаа само да се фотографираат, а сега е поинаку и сите ќе се подготвуваат.
– Олимпискиот турнир никогаш не бил посилен, мислам дека 10 од 12 репрезентации кои ќе учествуваат на олимпискиот турнир можат да се борат за златото. Само Јапонија и Јужан Судан веројатно немаат доволно искуство, за нас секој медал би бил како златен, – рекол Пешиќ.
Преку квалификациските турнири ќе бидат одредени последните четири учесници, но секој од потенцијалните победници на истите ќе биде претендент за највисок пласман.
Comments