top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Петровиќ го посочи клучот за победата на МЗТ и ги пофали навивачите: Тешко е да изгубиш во ваква атм

Тимот на МЗТ Скопје со триумф над Сутјеска го започна настапот на завршниот турнир во АБА2 лигата или поточно сега нашиот првак го делат само две победи од враќање во елитната јадранска конкуренција.

„Металците“ одиграа одличен натпревар кога е во прашање одбраната (73-68), нападот не беше баш на посакуваното ниво, но тренерот Александар Петровиќ е задоволен од прикажаното, целосната слика, а притоа не заборави да ја спомени и навивачката група „Фемили“ која во голем број беше присутна во СЦ „Јане Сандански“

-Тежок натпревар, ова беше прв меч во кој нема поправен. Нашиот напад прво беше малку во грч, но потоа најдовме решенија. Им честитам на момците, имавме контрола на скокот и тука ја гледам победата. Имавме поддршка од нашите навивачи и кога имате ваква атмосфера, тешко е да изгубите. -истакна Петровиќ.

МЗТ во полуфиналето ќе се соочи со Широки Бријег, тим кој дојде до оваа фаза откако во босанското дерби славеше над Спарс со 85-81.



3 views

Comments


bottom of page