top of page

Пети: Мбапе сака да биде број еден како Роналдо, мора да разбере една работа

Франција е бранител на трофејот на престојното Светското првенство во Катар, а за да остане на врвот и по овој турнир дефинитивно ќе мора најголемите ѕвезди да одиграа на највисоко ниво.

Можеби клучен играч ќе биде Килијан Мбапе кој во националниот тим имаше подеми и падови, беше одличен на СП во Русија, но потоа беше лош на ЕП. Големи се очекувањата од него, но според Емануел Пети тој ќе мора да се стави во служба на тимот ако се сака успех на шампионатот.

-Кога Франција загуби од Швајцарија, имаше тепачки меѓу играчите, па дури и на трибините меѓу семејствата. Имаше расправии за слободните удари, пенали итн. Значи, разбирам дека Мбапе е огромен играч кој ги има вистинските вештини и квалитети, тој сака да биде број еден исто како и Кристијано Роналдо. Го ценам тоа, но и тој мора да разбере дека неговата амбиција не смее да биде проблем за неговиот тим. Неговата амбиција мора да му помогне на неговиот тим да ги достигне целите и во меѓувреме, тоа ќе биде добро и за него. Ако Мбапе разбере дека е на услуга на тимот, тоа ќе биде одлична изјава за тимот.

-Тој може да има големо его, тоа не е важно, потребни ви се големи ега на теренот за да победувате турнири, но тоа не смее да го попречува балансот на тимот во соблекувалната. Ако сте играч во соблекувалната и имате чувство дека еден играч прави премногу проблеми затоа што секогаш сум „јас, јас, јас“, тоа ќе биде проблем во соблекувалната. Ја наоѓате рамнотежата помеѓу неговата амбиција и амбицијата на тимот, -порача Пети кој добро знае како се освојуваат титули на ваквите турнири.


 
 
 

Comments


bottom of page