Пет шпански тренери во Премиер лигата: Лидс го договори поранешниот тренер на Валенсија
Шпанската колонија на фудбалски стручњаци продолжува да расте во Премиер лигата, па така од денеска ќе има дури пет тренери од оваа земја кои работат во најсилната англиска лига.
Хулен Лопетеги и Унаи Емери беа последни кои се приклучија на Премиер лигата како предводници на Вулверхемптон и Астон Вила пред извесно време, но нивниот чекор сега го следи и Хави Грасија.
Заедно со Лопетеги, Емери, Артета и Гвардиола, Грасија станува петти шпански тренер кој ќе биде дел од Премиер лигата оваа сезона, што за него претставува кам-бек во англиската елита.
Грасија ги договорил сите детали со Лидс Јунајтед и до крајот на денот ќе биде претатавен како наследниот на Џеси Марш, за што доказ е неговото присуство на „Еланд Роуд“.
Шпанецот претходно работеше во Вотфорд и успеа да го спаси од испаѓање од Премиер лигата, а во 2021-ва година беше тренер на Валенсија. Последно, Грасија работеше за Ал Сад во 2022-ра година.
Comments