top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пет награди за Народен театар Битола на фестивал во Рума, Србија

02.04.2024 April Vtornik

НУ Народен театар-Битола, македонски претставник на меѓународниот театарски фестивал кој викендов се одржа во српскиот град Рума, освои пет награди за претставата „Кислород“ од Иван Вирипаев во режија на Иван Јерчиќ.

Стручното жири предводено од актерот Зијах Соколовиќ и членовите Марина Вујиќ и Надзима Чизмо, на битолчани за претставата „Кислород“ им доделија сребрена Тремина маска, златна плакета за најдобра режија на Иван Јерчиќ, награда за најдобра сценска музика, награда за најдобар дизајн на претставата, односно за музика, звук, светло-тотал дизајн, како и награда за најдобра партнерска игра на претставата во која настапија Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов.

На фестивалската сцена во Рума освен актерите од Битола, учествуваа и театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија.


2 views

コメント


bottom of page