Пет медали за надежите на Миоки
ЏУДО – НА ТУРНИРОТ „СРЕЌНО 2023“ ВО СРБИЈА
Џудистите на скопскиот клуб Миоки освоија пет медали на меѓународниот турнир „Среќно 2023“, кој во организација на ЏК Бор се одржа во српскиот град Бор. Притоа, предводени од тренерот Игор Паскоски, младите надежи на клубот освоија три златни и два бронзени медали. Така, со злато се закитија Виктор Трчков (тежинска категорија над 50 кг) во возрасната група до 10 години, Ерик Крстев (до 50 кг) до 13 години и Хамида Друштинац (до 36 кг) до 15 години. Сребрени медали, пак, освоија Емилија Паскоска (до 40 кг) до 13 години и Марко Панчевски (до 40 кг) во возрасната група до 15 години. – Горд сум на тимот што нѐ претставуваше во Бор и, секако, задоволен сум од настапот на сите наши џудисти на татамите. Вкупно седум учесници, пет освоени медали, четири финалиња, од кои три злата. Највпечатлив настап имаше Ерик Крстев, кој супериорно ги совлада своите противници во сите четири борби. Морам да ја посочам и покажаната зрелост и одличен настап на Марко Панчевски, кој во мошне силна конкуренција освои бронза, но вредна како злато. Следен поголем предизвик за оваа возрасна група џудисти ќе биде турнирот во Винковци, Хрватска, на 14 октомври годинава – вели Паскоски. Г.И.
Comments