top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пет книги на Ристо Василевски се преведени на четири странски јазици

01.11.2021 Noemvri Ponedelnik

Пет книги на македонскиот поет и академик Ристо Василевски во текот на 2021 година се објавени на четири странски јазици – словенечки, полски, словачки и српски јазик.

Пред објавување е и новиот избор од неговата поезија на француски јазик. Како што соопшти „Арка прес“ („Arka press“), на словенечки јазик објавена е книгата на Василевски „Srce kroga“ („Срцето на кругот“). Преводот е на словенечкиот поет и есеист Иван Добник, а издавач книгоиздателството „Hiša poezije“. Книгата е објавена во едицијата „Poetikonove Lire“.

Во издание на еминентиниот лондонски издавач „KaMPe“, кој објавува книги на англиски и полски јазик, во новопокренатата библиотека „Словенски брош“, заедно со книгите на Љубомир Левчев од Бугарија и на Енерика Бијач од Хрватска – на над 300 страници, проследени со предговор на преведувачот Ванда Котвич и со обемна био-библиографија на Василевски, во исклучителна опрема објавена е неговата книгa философеми и анотации „Отпечатоци на свесното“.

Реномираното српско книгоиздателство „Арка“, пак, на српски јазик ги објави новата книга философеми, афоризми и анотации на Василевски „Кључаоница“ („Клучалка“) и новиот том од неговите „Избрани дела Чаробни ковчежић“ („Волшебно ковчеже“), во кој на над 700 страници е собрано творештвото на Василевски за деца. За оваа книга книгоиздателството „Арка“ доби финансиска поддршка од Министерството за култура. Преводот на новиот избор од поезијата на француски јазик „Jouer sa Tĕte“ („Играње со главата“) е дело на повеќе истакнати преведувачи.


0 views

Comments


bottom of page