Пет години по смртта на Арета Френклин: Почнува битката за нејзиното милионско наследство
- Aleksandar Santovski
- Jul 10, 2023
- 2 min read
Пет години по смртта на музичката ѕвезда Арета Френклин, последните желби за нејзиното наследството сè уште се нерешени. Следниот понеделник започнува судење, за да се одлучи кој од двата рачно напишани тестаменти, вклучително и оној пронајден во перничињата на каучот, ќе биде земен предвид за како да се постапи со нејзиниот имот, пишува „Асошиејтед прес“.
Кралицата на соул музиката, која има четири сина, не оставила формален тестамен, иако имало обиди да се направи, особено што со години имаше здравствени проблеми, но тоа никогаш не се случило.
Според законот во Мичиген, сите документи, па дури и оние со чкртаници или тешко читливи делови, сè уште може да се третираат како легитимни документи.
Инаку, во спорот вклучени се еден син против други двајца. Тед Вајт Втори, верува дека имотот треба да се контролира според документот од 2010 година, додека синовите Кеткалф Френклин и Едвард Френклин го поддржуваат документот напишан во 2014 година.
Двата документи, беа пронајдени во домот на пејачката во предградието во Детроит, неколку месеци по нејзината смрт на 76-годишна возраст, од рак на панкреасот во 2018 година.
Арета Френклин беше глобална ѕвезда со децении, особено позната по хитовите како „Think“, „I Say a Little Prayer“ и „Respect“. Кога почина, таа беше третирана како член на кралско семејство. Нејзиното тело беше пренесено во автомобил „Кадилак“ од 1940 година, во музејот во Детроит каде што илјадници луѓе го посетија во 2018 година.
По нејзината смрт, веднаш се дозна дека Френклин не оставила тестамент, што значело дека нејзините четворица синови најверојатно ќе го делат имотот во вредност од милиони, вклучувајќи недвижен имот во предградието на Детроит, крзна, наметки, накит и идни авторски права од нејзините песни. Внуката, Сабрина Овенс, во тоа време се согласи да биде личен застапник или извршител.

Comentarios