top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Песталоци“ се прости од нивната ученичка: „Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања – пр

„Песталоци“ се прости од нивната ученичка: „Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања – прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме…“Од утрово на службениот влез на училиштето Јохан Хајнрих – Песталоци е отворена книга на жалост и сите граѓани кои сакаат да оддадат почит на Вања Ѓорчевска да дојдат и да се потпишат.

ООУ „Ј. Х. Песталоци“ – Скопје каде Вања учеше изрази големо сочуство по повод смртта на Вања.

„Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања. Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме…Нека ти биде светол патот кон вечноста! Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца. Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!“ Ова се трогателните реченици со кои на социјалните мрежи од Основното училиште Ј.Х. Песталоци се простија со девојчето кое беше грабнато, па убиено. Нејзиниот клас одржал само еден час и нема да имаат повеќе настава во текот на денот.

Општина Центар по повод немилиот настан и трагичната смрт на Вања Ѓорчевска, ученичка во 9то одделение во ООУ ,,Јохан Хајнрих – Песталоци“ дава препорака до сите јавни и угостителски објекти на територија на општината во следните два дена да ја прилагодат музиката согласно жалниот настан.

Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски изразуваат сочувство за трагичниот настан во кој животот го загубија 14-годишната ученичка Вања и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.




1 view

Comments


bottom of page