top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Перформансот „Драга Републико“ со уште три изведби

28.09.2021 Septemvri vtornik

Перформансот „Драга Републико“ што премиено в недела се изведе во зградата на Централната пошта во Скопје ќе биде одигран и во среда (29 септември), во четврток (30 септември) и во сабота на (2 октомври). „Драга Републико“ е перформанс есеј за објектот на Телекомуникацискиот центар во Скопје, кој е еден од најрепрезентативните модернистички објекти во земјава. Преку повеќемесечен истражувачки процес, перформансот оформи комплексен, интердисциплинарен и поетичен јазик кој се обидува да ги преиспита причините за товарот на денешницата и последиците од микро и макро скриените или видливи фашизми. „Во основата е важноста на објектот, од поширока историска, општествено – политичка и уметничка перспектива, кој на симболичко ниво раскажува за постојаното присуство на кочничарите на нештата да го достигнат замислениот развој“, се посочува кон перформансот. По перформансите „Оваа зграда зборува (на)вистина” (добитник на Златна трига на Прашкото Квадриенале) и „Универзална во пламен” авторите Филип Јовановски, Кристина Леловац и Ивана Васева овој пат во соработка со кореографката Викторија Илиоска, реализираат нов перформанс од трилогијата посветена на модернистички згради во Скопје. Проектот се реализира со поддршка на Владата, а во рамки на јубилејот 30 години независност.





1 view

Comments


bottom of page