Перез „плука“ по легендите: Касилјас и Раул се најголемите измами во историјата на Реал
13.07.2021 Juli Vtornik
Првиот човек на шпанскиот гигант Реал Мадрид, Флорентино Перез се соочува со голем притисок од јавноста и навивачите на клубот откако се појавија снимки како тој плука по легендите на клубот Раул Гонзалес и Икер Касилјас. Шпански „Ел Конфиденсијал“ намерно или ненамарно дојде до снимки кои датираат уште од 2006 година, снимки на кои Перез „гази“ , негативно коментира за играчите кои потекнаа од школата на Реал и едноставно одбележаа ера во овој клуб. -Бекам е добро и многу паметно момче. Заработува 30 милиони евра годишно. Роналдо Назарио исто така. Зидан добива по 25 милони евра. И тука е Раул кој не продава апсолутно ништо. Човече, ништо, ниту дрес, нема медиумско внимание. Тој е лош, верува дека Реал е негов и тој е една од причините поради која си заминав. Го уништува клубот, моралот на играчите, сè. Многу лош човек. -Фановите го обожаваат Касилјас.. Не знам зошто толку го бранат и го сакаат. Тој е една измама, а другата е Раул. Ова се двете најголеми измами во историјата на Реал Мадрид, -вели Перез во снимките. Флорентино воедно генерално нема добро мислење за фудбалерите. -Фудбалерите се себични. Не можете да сметате на нив за ништо. Имам ужасна слика за фудбалери, страшна, страшна… Сум видел многу работи во мојот живот, но никогаш нешто слично на нив, -вели Перез. Првиот човек на Реал се огласи по најновите случувања порачувајќи дека ова намерно се прави за да се оцрни неговото име, но и да се направи штета на проектот за европската Супер лига.
Comments