Перез излета во првиот круг, Ферстапен го поправи својот Ф1 рекорд (Фото)
Трката за Големата награда на Мексико традиционално носи голема возбуда кај Серхио Перез, но Чеко денеска изгоре во намерата да биде на самиот врв уште во првиот круг, па така првата кривина се покажа како кобна за него.
Возачот на Ред Бул доби удар при еден тркачки инцидент со Шарл Леклер и ја заврши трката уште на стартот, а тоа беше само најава за уште една доминантна трка на Макс Ферстапен.
Во најавите за трката, сите гледаа на Чеко како единствена закана за Макс, но откако тој веќе не беше на патеката, старо-новиот светски шампион почна да прави голема разлика.
Ферстапен иташе кон нова голема победа до средина на трката, но тогаш беше покажано црвено знаме поради тешкиот инцидент на Магнусен, па возачите мораа одново да се наредат за старт.
Рестартот донесе големи возбудувања за второто место и Луис Хамилтон беше подобар од Леклер, па така Британецот заврши зад неприконсовениот и недопирлив шампион во овој момент.
За Ферстапен ова беше 16-та победа оваа сезона, а со тоа си го поправи својот досегашен рекорд, бидејќи никогаш претходно еден возач не победил на толку трки во една натпреварувачка кампања.
Леклер на крајот се задоволи со место на пиедесталот, неговиот тимски колега Сајнц заврши четврти, а меѓу првите десет се најдоа Норис, Расел, Рикиардо, Пјастри, Албон и Окон.
Comments