top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев на сцената на Националната опера и Балет

Најновата балетска продукција од Националната опера и Балет, современиот балет во 3 слики, „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, современа бајка за сите возрасти, на сцената на Националната опера и Балет ќе се изведе на 18 март (сабота) со почеток во 12 часот. Приказната за „Пепелашка“ во модерна верзија е преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ (Србија). Костимографијата е на Катерина Радошевиќ-Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски, дизајн на звук: Георг Драушник (Хрватска), асистент-кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија). Настапуваат: Христина Наќевска, Билјана Басмаџиева-Ковачевски, Мирослав Митрашиновиќ, Игор Веланоски, Саша Евтимова, Марија Јосифовска-Ристовска, Цветанка Максимоска, Ангела Богатинова, Ендру Кук, Кристијан Јангос, Драган Кочоски, Гала Кочевска. Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и Балет.


0 views

Comments


bottom of page