top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пепе Реина се договори со италијански прволигаш: Ова е прекрасен проект…

18.07.2024 juli Cetvrtok

Пепе Реина на крајот на месец август ќе го прослави 42 роденден, но ветеранот не размислува за заминување во пензија и потврда за тоа е новиот ангажман кој за него значи враќање во Италија.

Тој во минатото ги бранеше боите на Наполи, Милан и Лацио кога се во прашање клубовите од Апенините, листа на која сега ќе биде и Комо.

Новиот прволигаш го цени искуството и знаењето на Шпанецот кој во Комо ќе се спои со Сеск Фабрегас.

-Пристигнувам во прекрасен проект, семејство кое продолжува да расте и се обидува да го подигне нивото секоја година. Се враќам во лига која добро ја познавам и која знам дека е многу конкурентна, од моја страна сакам да дадам свој придонес во развојот на овој клуб, -порача Пепе кој ќе остане во оваа средина најмалку до јуни 2025 година.


0 views

Comments


bottom of page